четврток, јуни 09, 2005

крај

........ добро сум :)

мислев ќе помине долго време кога повторно ќе се почуствувам навистина добро, но брзо ми помина кризата.......

ќе ги памтам убавите спомени, ќе го памтам по убавите нешта што ги поминавме заедно......

недела, мај 29, 2005

...ден... ноќ....

...........преку ден е полесно, дури и не помислувам на него или ретко и брзо си наоѓам нешто да ми ја смени мислата, а и обврски, другарки, другари, кафе мафе, бла бла муабети, и прошол денот............. ама ноќите се тешки..........мразам месечини, мразам ѕвезди, мразам љубов...........ох колку боли оваа ноќ, проклета..........

Дали љубовта е навика?

Дали љубовта е навика? Се чувстувавм како кога мачно се обидуваш да се откажеш од цигари, и нон - стоп ти се пали цигара дури повеќе отколку кога си пушел. Така и сега се на него мислам, повеќе отколку пред крајот. А крајот е сегашност и ќе биде иднина.

Збогум сакан!

Ете реков, најпосле.


сабота, мај 28, 2005

Како да кажеш збогум?

..........како да преболиш најлесно, најбрзо, најбезболно?

..........како да заборавиш се што правело среќна? се што ти значело, те радувало, па дури и тагата била слатка кога си наоѓала утеха во пргратката на човекот што ти значел се.

..........како да продолжиш без тој со кој што сакаш да бидеш заедно? зошто тој што го сакаш најмногу го губиш најболно?

...........како да се ослободиш од болката? колку и да се трудиш да не мислиш на него, постојано ти е во мисла, се на него те потсеќа.


...........како да најдам сила да ја убијам љубовта? о боже, кога би можела барем малку да го мразам, барем малку......